САФЕ ЛИФЕ
Прославуваме 10 години САФЕ ЛИФЕ АД. Каква успешна приказна!
САФЕ ЛИФЕ е динамична, современа компанија со висок степен на компетентност и големо искуство. Интензивно се занимаваме со прашањето “финансиска сигурност во иднина”.
Прославуваме 10 години САФЕ ЛИФЕ АД. Каква успешна приказна!
САФЕ ЛИФЕ е динамична, современа компанија со висок степен на компетентност и големо искуство. Интензивно се занимаваме со прашањето “финансиска сигурност во иднина”.
На нашите клиенти им обезбедуваме сигурност која овозможува удобно и безбедно да ја согледуваат својата иднина.
Несигурноста и нестабилноста на финансискиот пазар се фактори кои го отежнуваат сигурното вложување на финансискси средства. Предвидениот пад за исплата на пензиски придонеси и зголемување на невработеноста ја зголемува несигурноста помеѓу клиентите.
Нашите производи совршено ги исполнуваат условите за безбедна финансиска иднина. Бидејќи секој е уникатен и единствен, ние направивме широк спектар на производи кои се прилагодени да ги исполнат единствените, специфични потреби и очекувања на секој клиент преку пронаоѓање на најдобри решенија.
Нашите производи ја соединуваат финансиската стабилност и долгорочната сигурност на нашите клиенти. Овие вредности се многу важни за нас.
За клиентите обезбедуваме сигурност која им овозможува безбедно да ја согледуваат својата иднина.
„Веродостојна сигурност за секого“ беше мотото на надвојводата Јохан, кој го основа Grazer Wechselseitige (GRAWE) во 1828 година.
Развивајќи се од своите почетоци и од првобитното осигурување од пожар за населението па до денес, кога стана сестрана меѓународна осигурителна група, GRAWE со гордост може да понуди производи од областа на осигурување, на финансиски услуги и на промет со недвижности.
Тринаесет осигурителни компании низ Средна и Југоисточна Европа се доказ за нашата меѓународна ориентација. Стабилноста и високата позиција на пазарот на осигурување се одраз на успешно работење што постои и трае повеќе од 180 години.
Со своите тринаесет подружници низ Средна и Југоисточна Европа, групацијата GRAWE навистина може да се претстави како меѓународна компанија. Долговечноста, стабилноста и високата позиција на пазарот на осигурување се одраз на повеќе од 180 години успешно работење.
GRAWE е едно од најголемите австриски осигурителни друштва, со повеќе од 4 милиони договори за осигурување и со годишен прилив на премии во вредност од повеќе од 750 милиони евра.
Финансиската стабилност на GRAWE групацијата се одразува во вредноста на нејзиниот акциски капитал, што е значително над пазарниот просек и го отсликува нејзиниот конзервативен пристап кон политиката на вложување. Доверените средства на клиентите првенствено се вложуваат во недвижнини, обврзници или во хипотеки, а само мал дел се вложува и во акции на берзата. Судејќи според односот меѓу капитализацијата и финансиските обврски, GRAWE е едно од најконстантните осигурителни друштва. При утврдување на имотот на компанијата, GRAWE останува доследна на својот конзервативен пристап и според тоа, ја проценува вредноста на имотот со строга и прецизна примена на правилата за пониска вредност.
На достигнувањата и успесите се оддава признание и истите се наградуваат.
Вработените и соработниците ги припремаме за нивните идни задачи на многу професионален начин. Комбинирање на теоријата со практиката и искуството е суштината на нашата едукација. Квалитетот и компетентноста на нашите вработени, агенти и соработници е важна за нас, бидејќи тие претставуваат една значајна инвестиција во нашата иднина.
Размена на знаењата е клучен елемент на нашите обуки. Нашите професионални профили учат од најдобрите!Тоа овозможува и дава прилика за остварување на извонредни резултати.
Нашата визија е да имаме задоволни и успешни профили! Придружете се на нашиот тим!
SAFE LIFE е меѓународен брокер кој успешно работи во 8 европски земји.
Нашето седиште е во Грац, Австрија.