safelife

САФЕ ЛИФЕ

е динамична, современа компанија со висок степен на компетентност и големо искуство. Интензивно се занимаваме со прашањето “финансиска сигурност во иднина”.

ПРОИЗВОДИ

Нашите производи ги исполнуваат барањата на нашите клиенти. Преку нив се обезбедува долгорочна перспектива со сигурна финансиска иднина.

УСЛУГА

Нашите застапници поседуваат долгогодишно искуство во областа на животното осигурување. Професионалната анализа согласно потребите на клиентите, овозможува оддавање и обезбедување на персонални решенија, скроени и прилагодени согласно нивните барања.

ПАРТНЕР

Нашиот генерален партнер е ГРАВЕ осигурување АД, меѓународна фирма со големо искуство во областа на осигурување, банкарство и недвижности. Меѓусебното партнерство со ГРАВЕ обезбедува сигурност, стабилност и доверливост и претставува сигурен доказ дека постапуваме во интерес на нашите клиенти и нивната финансиска стабилност.

mission
  • Концентрирани сме на нашите основни компетенции.

  • Сигурност и долгорочен успех се нашите приоритети.

  • Доверливоста и искреноста се важни за нас.

  • Нашата филозофија се темели на доверба и почит.

  • Успехот заслужува признание и награда.

product

Производи

На нашите клиенти им обезбедуваме сигурност која овозможува удобно и безбедно да ја согледуваат својата иднина.

Несигурноста и нестабилноста на финансискиот пазар се фактори кои го отежнуваат сигурното вложување на финансискси средства. Предвидениот пад за исплата на пензиски придонеси и зголемување на невработеноста ја зголемува несигурноста помеѓу клиентите.

Нашите производи совршено ги исполнуваат условите за безбедна финансиска иднина. Бидејќи секој е уникатен и единствен, ние направивме широк спектар на производи кои се прилагодени да ги исполнат единствените, специфични потреби и очекувања на секој клиент преку пронаоѓање на најдобри решенија.

Нашите производи ја соединуваат финансиската стабилност и долгорочната сигурност на нашите клиенти. Овие вредности се многу важни за нас.

За клиентите обезбедуваме сигурност која им овозможува безбедно да ја согледуваат својата иднина.

service

Услуги

НАШИ КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ

Обезбедување квалитетен производ е од врвно значење во секоја работа, но тоа е особено релевантно за финансиските услуги, област, во која се забележува голем раст во понудата на услугите и силен развој во промоцијата на таквите услуги. Осигурителните друштва и банките забрзано се приспособуваат на секој нов тренд и исклучително се креативни во осмислувањето на нови производи. Поради тоа, клиентите се соочуваат со сè поголеми тешкотии јасно да согледаат што се нуди на пазарот. Давање помош и совети на нашите клиенти, како и обезбедување јасност и транспарентност ги сметаме за наша задача. Професионалците на SAFE LIFE може да ви дадат поддршка во следниве области:

  • Животно осигурување
  • Евалуација на обезбедувањето во случај на инвалидитет и/или болест
  • Евалуација на пензиската програма
  • Осигурување од несреќа
  • НАША ПОДДРШКА

    Повеќето клиенти на SAFE LIFE се од Средна и од Источна Европа. Ние веруваме дека нашето разбирање на желбите на нашите клиенти и на општите услови би можело да претставува корисна услуга што би требало да им се понуди на резидентите во сите земји.

    Нашето стручно знаење во секторите на осигурувањето и на финансиите, овозможува, советување на нашите клиенти како да обезбедат најдобро решение за својата иднина, како и да им понудиме компетентни, разумни совети при избирање долгорочни инвестиции во областа на животното осигурување. Наша цел е да им понудиме на клиентите јасна и непристрасна слика за нивните пензиони програми, како и да им обезбедиме компетентна персонализирана пензиона агенда.

    partner

    Партнер

    „Веродостојна сигурност за секого“ беше мотото на надвојводата Јохан, кој го основа Grazer Wechselseitige (GRAWE) во 1828 година.

    Kurzlogo_RGB_kl

    Развивајќи се од своите почетоци и од првобитното осигурување од пожар за населението па до денес, кога стана сестрана меѓународна осигурителна група, GRAWE со гордост може да понуди производи од областа на осигурување, на финансиски услуги и на промет со недвижности.

    Тринаесет осигурителни компании низ Средна и Југоисточна Европа се доказ за нашата меѓународна ориентација. Стабилноста и високата позиција на пазарот на осигурување се одраз на успешно работење што постои и трае повеќе од 180 години.

    Со своите тринаесет подружници низ Средна и Југоисточна Европа, групацијата GRAWE навистина може да се претстави како меѓународна компанија. Долговечноста, стабилноста и високата позиција на пазарот на осигурување се одраз на повеќе од 180 години успешно работење.

    GRAWE е едно од најголемите австриски осигурителни друштва, со повеќе од 4 милиони договори за осигурување и со годишен прилив на премии во вредност од повеќе од 750 милиони евра.

    Финансиската стабилност на GRAWE групацијата се одразува во вредноста на нејзиниот акциски капитал, што е значително над пазарниот просек и го отсликува нејзиниот конзервативен пристап кон политиката на вложување. Доверените средства на клиентите првенствено се вложуваат во недвижнини, обврзници или во хипотеки, а само мал дел се вложува и во акции на берзата. Судејќи според односот меѓу капитализацијата и финансиските обврски, GRAWE е едно од најконстантните осигурителни друштва. При утврдување на имотот на компанијата, GRAWE останува доследна на својот конзервативен пристап и според тоа, ја проценува вредноста на имотот со строга и прецизна примена на правилата за пониска вредност.

    189

    години искуство и традиција

    education-quote

    Иднината припаѓа на оние кои веруваат во вистинитоста на своите соништа.

    Елинор Рузвелт
    career

    Кариера

    На достигнувањата и успесите се оддава признание и истите се наградуваат.

    На посветените им даваме прилика за професионална примена на сопствените вештини во бизнисот и продажбата во рамките на динамичниот систем на кариера.

    Вработените и соработниците ги припремаме за нивните идни задачи на многу професионален начин. Комбинирање на теоријата со практиката и искуството е суштината на нашата едукација. Квалитетот и компетентноста на нашите вработени, агенти и соработници е важна за нас, бидејќи тие претставуваат една значајна инвестиција во нашата иднина.

    Размена на знаењата е клучен елемент на нашите обуки. Нашите професионални профили учат од најдобрите!Тоа овозможува и дава прилика за остварување на извонредни резултати.

    Начела и вредности:

    • Се фокусираме на нашите основни надлежности.
    • Го применуваме повеќегодишното искуство и единствената експертиза.
    • Сигурност, точност и праведност се составни делови од нашиот пристап.
    • Ја промовираме соработката по пат на интензивна комуникација.
    • Се стремиме кон највисок степен на професионализам.
    • Обезбедуваме висок квалитет преку интензивни обуки.
    • Достигнувањата и успесите се удостоени со признанија и награди.

    Нашата визија е да имаме задоволни и успешни профили! Придружете се на нашиот тим!

    international_broker

    Меѓународен брокер

    SAFE LIFE е меѓународен брокер кој успешно работи во 8 европски земји.
    Нашето седиште е во Грац, Австрија.

    SAFE LIFE Pristina

    SAFE LIFE Sarajevo

    SAFE LIFE Skopje

    SAFE LIFE Zagreb

    contact

    Контактирајте не

    САФЕ ЛИФЕ
    Улица Пиринска 23
    Поштенски број 1000
    Град Скопје, Земја Македонија
    ЕМБС 6808450
    Телефонски број: +389 2 3222 818

    Адреса на електронска пошта (канцеларија) office@safelife.mk

    Регистар на застапници