НАШИ КОНСУЛТАНТСКИ УСЛУГИ

Обезбедување квалитетен производ е од врвно значење во секоја работа, но тоа е особено релевантно за финансиските услуги, област, во која се забележува голем раст во понудата на услугите и силен развој во промоцијата на таквите услуги. Осигурителните друштва и банките забрзано се приспособуваат на секој нов тренд и исклучително се креативни во осмислувањето на нови производи. Поради тоа, клиентите се соочуваат со сè поголеми тешкотии јасно да согледаат што се нуди на пазарот. Давање помош и совети на нашите клиенти, како и обезбедување јасност и транспарентност ги сметаме за наша задача. Професионалците на SAFE LIFE може да ви дадат поддршка во следниве области:

  • Животно осигурување
  • Евалуација на обезбедувањето во случај на инвалидитет и/или болест
  • Евалуација на пензиската програма
  • Осигурување од несреќа
  • НАША ПОДДРШКА

    Повеќето клиенти на SAFE LIFE се од Средна и од Источна Европа. Ние веруваме дека нашето разбирање на желбите на нашите клиенти и на општите услови би можело да претставува корисна услуга што би требало да им се понуди на резидентите во сите земји.

    Нашето стручно знаење во секторите на осигурувањето и на финансиите, овозможува, советување на нашите клиенти како да обезбедат најдобро решение за својата иднина, како и да им понудиме компетентни, разумни совети при избирање долгорочни инвестиции во областа на животното осигурување. Наша цел е да им понудиме на клиентите јасна и непристрасна слика за нивните пензиони програми, како и да им обезбедиме компетентна персонализирана пензиона агенда.