Kurzlogo_RGB_kl

Развивајќи се од своите почетоци и од првобитното осигурување од пожар за населението па до денес, кога стана сестрана меѓународна осигурителна група, GRAWE со гордост може да понуди производи од областа на осигурување, на финансиски услуги и на промет со недвижности.

Тринаесет осигурителни компании низ Средна и Југоисточна Европа се доказ за нашата меѓународна ориентација. Стабилноста и високата позиција на пазарот на осигурување се одраз на успешно работење што постои и трае повеќе од 180 години.

Со своите тринаесет подружници низ Средна и Југоисточна Европа, групацијата GRAWE навистина може да се претстави како меѓународна компанија. Долговечноста, стабилноста и високата позиција на пазарот на осигурување се одраз на повеќе од 180 години успешно работење.

GRAWE е едно од најголемите австриски осигурителни друштва, со повеќе од 4 милиони договори за осигурување и со годишен прилив на премии во вредност од повеќе од 750 милиони евра.

Финансиската стабилност на GRAWE групацијата се одразува во вредноста на нејзиниот акциски капитал, што е значително над пазарниот просек и го отсликува нејзиниот конзервативен пристап кон политиката на вложување. Доверените средства на клиентите првенствено се вложуваат во недвижнини, обврзници или во хипотеки, а само мал дел се вложува и во акции на берзата. Судејќи според односот меѓу капитализацијата и финансиските обврски, GRAWE е едно од најконстантните осигурителни друштва. При утврдување на имотот на компанијата, GRAWE останува доследна на својот конзервативен пристап и според тоа, ја проценува вредноста на имотот со строга и прецизна примена на правилата за пониска вредност.

194

години искуство и традиција